Луценко хоспитализиран по судирите со полицијата во Украина

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на опозицијата Јуриј Луценко е хоспитализиран на одделението за интензивна нега откако бил повреден во судирите со полицијата. Неговата сопруга и Украинската републичка организација наведоа дека Лукашенко добил потрес откако бил удрен во главата денеска рано изутрина. До судирите со полицијата дошло надвор од Киев,откако судот во петокот им изрече затворска казна на тројца мажи поради сомневање дека учествувале во уништувањето на споменикот на основачот на Советскиот Сојуз, Владимир Ленин, во Украина во 2011. Агенциите јавија дека десет лица се повредени во судирите со полицијата.