Косово и Абанија ја продлабочуваат соработката во одбраната

Агим Чеку

Министерот на безбедносните сили на Косово Агим Чеку на денешната средба со албанската министерка за одбрана Мими Кодели изрази „голема благодарност“ до Тирана поради нејзиниот придонес во зајакнување на косовските безбдносните сили. „Двете страни ќе изнајдат патишта и начини за уште поблиска соработка. Со помош на сојузниците и на САД, Албанија ќе проддолжи да го подржува Косово и неговите безбедносни сили кон интеграцијата во НАТО и ЕУ“, рече Кодели. Безбедносните сили на Косово годинава сакаат да се трансформираат во косовска армија.