Турскиот Врховен Совет против реформите на Ердоган

Турскиот Врховен совет на судии и обвинители денеска ги оквалификува како неуставни предложените владини реформи, со кои се намалуваат овластувањата на тој орган, а се прошируваат овластувањата на Министерството за правда.

Со измената на законите Советот поднесува извештај до Министерството за правда. Владата го предложи тој план за реформи во екот на една од најголемите корупциски истраги, во кои се вмешани соработници на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган е незадоволен заради истрагата и сака да го реконструира Врховниот совет на судии и обвинители, независно тело кое именува три четвртини од судиите во Турција.