Суши и недостиг на вода на Балканот

До крајот на векот сушите во Европа и особено во јужниот дел од стариот континент и на Балканот ќе бидат се почести и подолготрајни поради климатските промени и зголемената потрошувачка на вода, се вели во европско научно истражување, пренесува МИА.
Тие сметаат дека нивото на водата во поголемите и помалите реки ќе се намали за 40 отсто, а недостигот од вода ќе се зголеми дури за 80 отсто.
Само во Европа во изминатите три децении трошоците предизвикани од сушите се над 100 милијарди евра.