Повеќе статуи на Ленин уништени во Украина

Повеќе споменици на основачот на Советскиот Сојуз, Владимир Ленин, се вандализирани во Украина.
Полицијата во североисточниот регион Полтава денеска соопшти дека непознати лица ја кршеле статуата на Ленин во градот Машивка.
Статуи на Ленин се оштетувани или целосно уништувани и во други западни делови на Украина.
Претходно статуа на Ленин во центарот на Киев беше урната за време на протестите про- европските демонстранти.