Ирак - борби кај провинцијата Анбар

Се јавува дека во ирачката провинција Анбар се интензивирале борбите меѓу безбедносните сили кои се обидуваат да го скршат отпорот на сунитските бунтовници кои зазедоа делови од Фалуџа и Рамади.
Радио Слободен Ирак јави дека кај Рамади имало гранатирање и експлозии од автомобили бомби.
Безбедносните сили заедно со локалните сунитски племиња, се обидуваат да ги избркаат исламските борци поврзани со Ал Каеда.