Оланд размислува да тужи француски таблоид

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека размислува да тужи француски таблоид кој објави дека тој имал афера со една актерка.
Оланд смета оти приказната во француското списание "Поблиску" е напад врз неговото право на приватност.
Таблоид објави фотографии на доаѓања и заминувања од еден стан во Париз на човек кој личи на еден од телохранителите на Оланд и втор човек - кој наводно бил Оланд.
Жената, наводно актерката Џули Гае исто така била видена пред станот.
Оланд живее со својот партнерка, новинарката Валери Триевелиер Политичарката од Социјалистичката партија Сеголен Ројал е мајка на неговите четири деца.