Вигенин во посета на Македонија

Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе оствари средба со неговиот бугарски колега Кристијан Вигенин, кој е во посета на Македонија. Фокусот на разговорите меѓу двајцата министри ќе бидат билатералните проекти за соработка во инфраструктурата, економијата и регионалното поврзување.
Вигенин ќе одржи и предавање во министерството на тема „ЕУ и Западниот Балкан:предизвици во 2014 година“. Предвидено е Вигенин да има средба и со собраниската група на пријателство со Бугарија.