Фидел Кастро, по повеќе месеци, се појави во јавноста

Поранешниот претседател на Куба, Фидел Кастро, за прв пат по подолго време се појави во јавноста. Според кубанската телевизија, Кастро присуствувал на отворањето на уметничка галерија во Хавана. Еден про-владин сајт објави фотографија на Кастро во галеријата. Куба вчера ја прославуваше 55-годишнината од триумфалното влегување на Кастро во Хавана, откако беше соборен диктаторот Батиста. Фидел Кастро си поднесе оставка од претседателската функција во 2006-та година, од здравствени причини, а го замени неговот брат Раул Кастро.