Франција одобри израчување на тајкунот Абљазов

Судот во Франција денеска го одобри израчувањето на казахстанскиот тајкун и дисидент Мухтар Абљазов на Русија или на Украина. Соопштено е дека предно сепак има Русија. Москва и Киев го бараат за проневера на милијарди долари од казахстанската банка БТА. 51 годишниот Абљазов во јули лани беше уапсен во Екс ан Прованса.