Протест на африкански мигранти во Израел

Повеќе од 10.000 африкански мигранти синоќа протестирале пред израелскиот Парламент. Тие протестираат четврти ден по ред барајќи да работат легално, без страв од затворање. Околу 60.000 мигранти, главно од Еритреја и Судан, влегле во Израел преку Египет во 2006 година. Многу од нив се надеваат дека ќе добијат азил и велат дека не можат да се вратат дома без да ги ризикува нивните животи. Израел донесе закон пред три недели со кој може да држи во притвор на неопределено мигранти без валидни визи, се додека се обидуваат да ги убеди да ја напуштат замјата или пак да најдат земја која ќе ги прифати.