Одбележан 79-роденден на Елвис Присли

Обожавателите на Елвис Присли се собраа околу вечното почивалиште на кралот на рокенролот во Мемфис, Тенеси, да го одбележат неговиот 79-роденден. Елвис Присли е роден на 8 јануари 1935 година во Тупело, Мисисипи, но кога имал 13 години, неговите родители се преселиле во Мемфис. Подоцна оваа година, неговите обожаватели ќе ја одбележат 60-годишнината од издавањето на првата песна на „кралот“, „Тоа е во ред“(That's All Right).