Морси денеска пред суд во Каиро

Каиро

Соборениот египетски претседател Мухамед Морси денеска треба да биде донесен во судот во Каиро, каде што му се суди за потикнување на убиства врз цивили за време на протестите додека беше претседател. Покрај Морси, со исти обвиненија се соочуваат уште 14 други личности од Муслиманското братство. Доколку бидат прогласени за виновни, Морси и останатите обвинети можат да се соочат смртна казна или со доживотен затвор.Морси стана претседател на Египет во јуни 2012-та на демократски избори, но беше соборен во јули, минатата година, по масовните протести против неговото владеење.