Ирак: исламисти сеуште контролираат делови на Фалуџа и Рамади

Исламистичките милитанти сеуште контролираат делови на централноирачките градови Фалуџа и Рамади, додека безбедносните сили и сунитските племиња ги продолжуваат напорите да ги соборат. Дописникот на Радио Слободен Ирак јави дека борбите во јужниот дел на Рамади се воделе неколку часа и во нив загинале најмалку 25 милитанти. Безбедносните сили и нивните сојузници користеле ракети и артилерија против бунтовниците кои се поврзани со Ал Каеда. Се наведува дека безбедносните сили подготвуваат нови операции против милитантите.
Армијата соопшти дека одложила комплетен напад врз центарот на Фалуџа за да се избегнат цивилни жртви.