Во САД и натаму поларен студ

Смрзнувачки температури продолжуваат да владеат во источните и централните делови на САД, каде што се забележани најниски вредности во последните 20 години. Ваквото време предизвика сообраќајни проблеми и затворање на училишта и фирми.
Прогнозерите велат дека „поларниот вртлог“ се движи кон исток и би можел да ги зафати и јужните држави, вклучувајќи ги Џорџија и Алабама.
Во Чикаго се регистрирани минус 27 степени, што предизвика откажување на речиси 2 илјади летови на еден од најпрометните аеродроми во земјата. Температурата во градот била толку ниска што во зоолошката градина морале да ја засолнат дури и поларната мечка.