Секс скандалот го натера на оставка големиот муфтија на Киргистан

Големиот муфтија на Киргистан Рахматула Хаџи Егембердиев поднесе оставка до Големиот Совет поради секс скандал.

Имено на интернет се појави видео на кое тој има сексуален однос со млада жена. Егембердиев изјави дека тоа било неговата втора сопруга. Меѓутоа, уставот на Киргизстан забранува полигамија.

Поради тоа пред неговото седиште во главниот град на Киргизстан се одржаа протести со барање за негова оставка. Демонстрантите велат дека бил прељубник.