Кипарскиот архиепископ обезбедил заем од 50 милиони евра

Поглаварот на Кипарската православна црква архиепископот Хризостом потпишал договор со мултинационален фонд во вредност од 50 милиони евра за реализација на инвестициски проекти на островот, јави АНА-МПА.

Според кипарското државно радио, средствата од заемот ќе бидат искористени за финансирање на амбициозната програма во областа на туризмот, енергетиката и индустријата.

Во моментов Кипарската црква е најголемиот акционер во три од големите компании на кипарската берза. Неофицијално се смета дека располага со 800 милиони евра депозит.