Во Украина уништен уште еден споменик на Ленин

Властите во градот Бердичев во западниот дел на Украина соопштија дека во текот на изминатата ноќ целосно била уништена двометарска статуа на основачот на поранешниот Советски сојуз Владимир Илич Ленин. Вчера во областа на Одеса бил вандализиран уште еден споменик на Ленин. За прв пат во Украина беше урната една статуа на Ленин за време на проевропските протести во Киев во минатиот месец.