Договорена новата чешка влада

Три чешки политички партии денеска потпишаа договор за формирање на централно – левичарска коалиција и за составот на новата влада. Според договорот, лидерот на Социјал-демократите, Бохослав Соботка ќе биде новиот премиер. Коалиционите партнери сега ќе бараат прием кај претседателот Милош Земан, кој треба да се согласи со новиот состав на владата. Предвремените избори во Чешка се одржаа во октомври минатата година, но владата сеуште не е формирана.