Премиерот Груевски со честитка за Божиќ

Премиерот Никола Груевски, по повод големиот христијански празник, Божиќ денеска упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан и до сите православни верници од Македонија и дијаспората. „Божиќ е празник на љубовта, на надежта и семејните вредности. Тоа е празник на радоста и достоинството. Токму затоа, како што налага верата и како што тоа го правеле нашите предци години и години претходно, да ги отвориме широко нашите порти за светлината која доаѓа на овој прекрасен празник, се наведува, меѓу другото, во честитката на премиерот Груевски.