Сингапурски патнички авион принудно слетал во Баку

Авион на Сингапурската авиокомпанија денеска принудно слетал на аеродромот во Баку поради проблеми со воздушниот притисок во кабината. Немало повредени меѓу 467 патници и 27 членови на екипажот на авионот Ербас А380 кој летал од Лондон за Сингапур.