И покрај притисокот од САД, Кабул ќе ослободи 88 затвореници

Шефот на Одборот за ревизија во Авганистан Абдул Дадрас соопшти дека Кабул ќе ослободи 88 затвореници како што е планирано и покрај тоа што Соединетите Држави сметаат дека тоа е опасно. Дадрас изјави дека нема доволно докази за нивно понатамошно држење. Затворениците се чуваат во воздухопловната база Баграм, северно од Кабул. Претседател Хамид Карзаи им наложи на авганистанските разузнавачи да му обезбедат на одборот повеќе докази против затворениците откако САД соопштија дека имаат доказ за нивна вмешаност во убиството на странски војници. Минатата недела, американските сенатори во Авганистан го притиснаа Карзаи да го стопира нивното ослободување, предупредувајќи дека тоа би ги влошило билатералните односи.
Односите веќе се влошени откако Карзаи одби да потпише безбедносен договор за обликување на американското воено присуство откако повеќето странски војници ќе ја напуштат земјата оваа година.