Кери: Улогата на Иран е добредојдена во сириските преговори

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Иран би можел да игра улога на маргините на сириските мировни преговори закажани за 22 јануари во Женева. Во својот говор во Израел тој рече дека Вашингтон се противи на учеството на Техеран на министерско ниво, освен ако не прифати дека во иднина сириската влада ќе биде формирана со "взаемна согласност" на власта и опозицијата. Сепак додаде дека Техеран е добредојден да игра позитивна и неформални улога.