Папата најави посета на Израел, Западниот брег и Јордан

Папата Францис најави дека ќе ги посети Израел, Западниот брег и Јордан во периодот од 24 до 26 мај. Ова е засега единствената посета на папата закажана за 2014 година и негова прва посета во Светата земја. Во денешното обраќање кон верниците во Ватикан тој најави дека ќе го посети Аман, Витлеем и Ерусалим.
Цел на овие посети е одбележување на 50 годишнината од историската средба на папата Павле шести и тогашниот вселенски патријарх Атинагора во Ерусалим. Папата Францис во Ерусалим ќе го придружува вселенскиот патријарх Вартоломеј, со кој ќе одржи заедничка служба во црква.