Изборно насилство во Бангладеш

Илјадници демонстранти запалиле неколку избирачки места и ги украле гласачките ливчиња за време на изборното насилство кое денеска се случува во Бангладеш. Полицијата соопшти дека најмалку 13 луѓе загинале, а повеќе од 200 избирачки места биле запалени или оштетени од страна на симпатизерите на опозицијата, кои го бојкотираат гласањето. Премиерката Шеик Хасина ги отфрли барањата на опозицијата да се повлече, а изборите да ги набљудува неутрална комисија,како и во претходните избори. Партијата на Хасина сигурно ќе остане на власт бидејќи повеќе од половина од пратеничките места ќе бидат неприкосновени,поради бојкотот на опозицијата. Десетици илјади војници се распоредени низ целата земја откако 150 луѓе загинаа во периодот до денот на изборите, но војниците не успеаја да го запрат крвопролевањето.