Руски и кинески брод заглавени во Антарктикот

Американски мразокршач е испратен да им помогне на руски истражувачки брод и кинески брод коишто се заглавени во Антарктикот. Американската крајбрежна стража објави дека одговориле на барањето за помош од страна на австралиските, руските и кинеските власти. Рускиот истражувачки брод е заробен во мраз од 24 декември. Доцна во четвртокот, еден хеликоптер од кинески мразокршач пренесел 52 патници од бродот до австралиски мразокршач. Во меѓувреме и кинескиот брод се заглавил во мраз . Американскиот мразокршач се очекува да пристигне на местото на настанот на 12 јануари и да ја заврши својата мисија за два до три дена.