Кери: Ќе им помогнеме на Ирачаните да ги победат милитантите

Државниот секретар Џон Кери изјави дека Соединетите Држави "ќе им помогнат" на Ирачаните во нивната борба против милитантите поврзани со Ал Каеда. Говорејќи во Ерусалим, Кери додаде дека Вашингтон не ја разгледува можноста за испраќање на војници назад кон Ирак, нарекувајќи ја битката "нивна борба." Овие коментари следуваат откако ирачкиот премиер Нури ал-Малики вети дека ќе ги порази "сите терористички групи" во провинцијата Анбар, додека ирачките безбедносни сили и сунитските племиња продолжуваат да се борат против милитантите на Ал Каеда во градовите Фалуџа и Рамади.
Во меѓувреме, полицијата и сунитските Арапски племиња ја презедоа контролата во близината на Рамади. Борбите избија откако војниците го растурија протестниот камп на сунитските Арапи во овој град.