Мртви и потрупани при уривање на зграда во Гоа

Најмалку седум работници загинаа, а десетици други се заробени кога една зграда во изградба се урна во индиската држава Гоа. Зградата се урнала во крајбрежното село Канакока, околу 70 километри од главниот град на државата. Локалната полиција соопшти дека 40 градежни работници најверојатно се заробени под урнатините и се очекува бројката на загинати да се зголеми. Станбената зграда се урнала во попладневните часови, во момент кога околу 50 работници биле на терен. Службите за итни случаи екипи се на местото на настанот. Спасувачките екипи со користење кранови, багери, лопати и голи раце се борат да ги ослободат преживеаните работници. Колапсот на зградата е најновиот во серијата смртоносни уривања на згради во Индија.