Почина Фил Еверли од "Еверли Брадрс"

Фил Еверли кој заедно со неговиот брат Дон го направија едно од највлијателните рок-дуа во земјата во 1950-тите и 1960-тите години, почина. Двајцата браќа постигнаа голем успех со хитовите "Bye Bye Love" и "Wake Up little Susie". Еверли Брадрс имаа големо влијание врз музичката ера од шеесетите, особно врз музичарите од Битлси, Џон Ленон и Пол Макартни. Фил Еверли почина поради проблеми со белите дробови. Тој имаше 74 години.