Почина лидерот на либанската терористичка организација

Маџид Ел Маџид, лидерот на Бригадата Абдула Азам, групата која е поврзана со Ал Каеда денеска починал во притворот во Либан. Како што јавуваат државните медиуми, Саудиецот Ел Маџид починал откако му откажале бубрезите. Тој на крајот на минатиот месец беше уапсен во Либан и однесен во притвор на тајна локација. Беше командант на Бригадата Абдула Азам, односно групата која изведе многу терористички напаи ширум Блискиот исток, а ја превзеде и одговорноста за нападот на иранската амбасада во Бејрут, во ноември, минатата година. Ел Маџид се наоѓаше на 85 место на листата на најбарани пеодинци во Саудиска Арабија каде што е и роден.