Нападната НАТО базата во Авганистан

Еден војник на НАТО загинал кога бунтовниците нападнале воена база во источен Авганистан. Портпаролот на гувернерот во провинцијата Нангархар, соопшти дека автомобил-бомба експлодирал пред портата на базата. Сите пет талибански борци и еден војник на НАТО загинале во престрелката. Портпаролот на Талибанците, Збихула Муџахид изјави дека Талибанците се одговорни за нападот. Околу 85.000 странски војници ќе се повлечат од Авганистан оваа година, кога борбената мисија на НАТО ќе заврши. Но безбедносниот договор меѓу Вашингтон и Кабул ќе им овозможи на неколку илјади американски војници да останат и ги обучуваат авганистанските безбедносни сили.