Вашингтон ги осуди насилствата во Ирак

Со најтешки зборови Вашингтон го осуди насилството од страна на милитантите во Ирачката провинцијата Анбар. Реакцијата на Стејт департментот дојде по извештаите дека ирачките безбедносни сили и сродните племиња повторно ги зазеле областите во Рамади и Фалуџа од исламистички бунтовници. Дописникот за нашето радио од Рамади јавува дека полициските сили и нивните сојузници -сунитските племиња превзеле полициски станици во неколку населби во градот, кои биле ограбени и окупирани од страна на милитантите. Според него безбедносните сили направиле мал напредок против бунтовниците во близина на Фалуџа, каде што населбите во близина на автопатот до Багдад се контролирани од страна на бунтовниците на Ал-Каеда. Борбите меѓу ирачките безбедносни сили и приврзаниците на Ал-Каеда во Ирак и Левант избувнаа во понеделникот, кога сунитски протестен камп во Рамади беше затворен од страна на владините сили.