Суд Скопје 1 - незаконско барање преку протест за слобода на Шиповиќ

Мирослав Шиповиќ

Основен суд Скопје еден испрати соопштение до медиумите во кое се наведува дека барањето за ослободување од притвор на Мирослав Шиповиќ преку јавен протест е незаконско и нелегитимно.
Не се точни наводите дека Шиповиќ самоииницијативно се вратил во Македонија, бидејќи тој е спроведен во постапка за екстрадиција, а по издадена потерница од Основниот суд Скопје еден. Според Судот не биле точни, ниту тврдењата дека раководството на СДСМ понудило по форма и содржина сопствен имот како дополнителна гаранција обвинетиот да се брани од слобода, бидејќи такви гаранции не се доставени на одлучување во овој Суд. Вчера пред судот во Скопје градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски изјави дека дека Шиповиќ е и натаму во притвор и покрај тоа што истрагата за случајот наречен „Претседавач“ е затворена, а предметот е вратен во Јавното обвинителство. Жерновски вели дека останувањето на Преседавачот на Советот Шиповиќ во притвор е притисок со кој се оневозможува работењето на Општина Центар и се гази волјата на гласачите.