Индискиот премиер најави заминување од функцијата по наредните избори

Индискиот премиер Манмохан Синг рече дека ќе се повлече по изборите годинава. Осумдесет и едногодишниот Синг најави дека ќе му ја предаде премиерската палка на новиот премиер дури и ако Конгресната партија ја освои извршната власт по трет пат. Синг рече дека Рахул Ганди е најдобриот иден премиер за Индија. Синг освои одлична репутација со неговите реформски потези но во наследство остави низа корупциски скандали и забавување на економскиот раст.