Извлечени патниците од рускиот брод заглавен на Антарктикот

Спасувачките екипи успешно ги извлекоа со авион сите 52-ца патници од рускиот истражувачки брод заглавен веќе една недела во мраз на Антарктикот. Австралиската служба за поморска безбедност потврди дека патниците биле пренесени на австралиски брод во групи од по 12 патници со хеликоптер. Рускиот брод Академик Шокалски е заглавен во дебел мраз од 24 декември. Патниците беа научници туристи и новинари. Неколку претходни обиди за нивно спасување не успеаја поради лошите временски услови.