Делови од ирачките градови Фалуџа и Рамади под контрола на исламисти

Вооружени групи ја превзеле контролата врз делови од ирачките градови Фалуџа и Рамади. Во провинцијата Анбар борбите започнале во понеделникот откако полицијата растури протест во камп во близина на Рамади, што разгоре тензии меѓу сунитите и шиитите. Претставник на ирачкото министерство за внатрешни работи соопштил денеска дека половина од градот Фалуџа е под контрола на исламисти, поврзани со Ал Каеда.