Стотици приведени во истрагата во Волгоград

Руските власти притвориле стотици луѓе во рамките на истрагата за двата терористички напада во Волгоград, во кои загинаа 34 луѓе. Меѓу 700-те притворени, најголемиот дел биле имигранти од централна Азија и кавказкиот регион. Полицијата смета дека одговорни за нападите се исламистички милитанти од кавказот.