Запалени автомобили на турски дипломати во Берлин

Два автомобила на турски дипломати беа опожарени синоќа во Берлин, јавија турските медиуми. Возилата на турската амбасада биле паркирани на оддалеченост од еден километар еден од друг кога биле запалени половина час пред полноќ. Автомобилите биле целосно уништени. Германската полиција почна истрага за случајот.