Напади на милитантите врз полициски стaници во Ирак


Исламистичките милитанти нападнале повеќе полициски станици во западната провинција Анбар. Локални официјални претставници соопштија дека милитантите заплениле оружје и ослободиле неколку затвореници. До вчерашните напади доаѓа неколку часа откатко властите на провинцијата Анбар го укинаа полицискиот час што беше на сила од понеделникот, откако претходно борбите се интензивираа во оваа сунитска провинција. Немирите се проширија по растурањето на сунитскиот протестен камап во понеделникот во Анбар што предизвика тензии меѓу сунитските малцинства и шиитски предводената влада на премиерот Нури Ал Малики. Малаки изјави дека цивилната полицијата треба да ја продолжи контролата врз безбедноста во провинцијата Анбар.