Пакистан - Бомбашки напад врз автобус


Во бомбашки напад врз автобус во пакистанската југоисточна провиниција Балочистан биле убиени две лица, а неколкумина се повредени . Во вчерашниот напад цел бил автобус во кој се превезувале шиитски верници од Иран. Автобусот се запалил по експлозијата. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот. Екстремна сунитска организација вообичаено ја превзема одговорноста за слични вакви напади. Групата има извршено многу напади врз шиитското малцинство. Во Балочистан се зголимија насилствата во последните неколку години.