Брза помош: Релативно мирна ноќ

Новогодишната ноќ минала релативно мирно, оценуваат од Итната медицинска помош во Скопје. Дежурните лекари интервенирале во околу 16 случаи со алкохолизирани лица, од кои 10 биле префрлени на Клиниката за токсикологија.

Од петарди со повреди на лицето и на окото се здобило момче од Чаир, родено 1992 година. Петмина биле повредени во тепачки, од кои тројца во главата, а еден со нож на екстремитетите. Сите се хоспитализирани.