Путин во посета на Волгоград

Новогодишното обраќање на Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Волгоград, каде оваа недела во бомбашки напади загинаа 34 луѓе. Путин изјави дека нападите се одвратни. Тој вели дека што и да било мотив за активностите на криминалците, нема оправдување за воени злосторства против цивили, особено не ако се жени и деца.

Претходно во новогодишната порака, Путин вети дека ќе продолжи борбата против терористите до нивното целосно уништување. Путин вели дека терористичките напади, заедно со поплави во источниот дел, се двата најголеми предизвици на земјата во изминатата година. Нападите ја зголемија загриженоста за безбедноста во пресрет на Зимските олимписки игри, кои треба да се отворат во Сочи, околу 700 километри југоисточно од Волгоград, на 7 февруари.