Прво па машко во 2014

Првото бебе во 2014 е машко, родено во 00,01 минута во Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје.

Бебето е тешко 3 килограми и 450 грама и долго 50 сантиметри. На мајката Оља Чолакова ова и е второ дете.

Мајката и бебето денеска во 12 часот ќе ги посети градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. На првороденчето, градоначалникот Трајановски ќе му подари штедна книшка со 20.000 денари и други подароци.