Поповски - три приоритети во 2014

Новата 2014 година за Република Македонија на надворешно-политички план ќе биде година на очекувања во однос на стратегиски цели.

Во контекст на евроатлантските интеграции ќе се фокусираме на она што зависи од нас со трикратно зголемување на напорите, а тоа се реформите. Интензивно ќе работиме и на градење позитивна клима во соседството и во регионот, како и на економската промоција на земјата. Тие се трите приоритети: силни реформи, пријатно соседство и економска промоција.

Ова го истакнува во новогодишното интервју за МИА министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој додава дека интензивно ќе се работи и на градење позитивна клима во соседството и во регионот, оти таа зависи, вели, сепак од нас кои живееме од тука.