Новогодишна порака на Претседателот Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов на сите граѓани на Република Македонија во татковината, но и надвор од неа, им посака среќни и радосни новогодишни и божиќни празници.

„Ова е време на обновена решителност, оптимизам и надеж, нагласува тој, време на солидарност и милосрдност кон помалку среќните и кон изнемоштените, но, и време на благодарност кон храбрите чувари на нашата безбедност, поради кои и вечерва Македонија може мирно и безгрижно да прославува“.

вели во новогодишното обраќање претседателот Иванов.