Оставка на грузискиот јавен обвинител поради криминал

Отар Партскаладѕе

Грузискиот јавен обвинител поднесе оставка поради криминално минато. Отар Партскаладѕе, член на владејачката грузиска коалиција ја презеде функцијата пред шест недели. Но, сојузниците на експретседателот Михаел Саакашвили соопштија дека имаат информации оти тој во 2001 година бил осуден за грабеж во Германија. Тој пак изјави дека бил осуден за непочитување на полициско службено лице. Неговата оставка беше прифатена од премиерот Иракли Гарибашвили.