Собранието ја заврши работата за годинава

Со поддршка на Предлог измената на Водостопанската основа на Македонија од 1968 година за акумулацијата Бучин, македонскиот парламент денеска ја заврши последната седница за 2013 година. Во рамки на оваа седница, поддржани беа и предлог измените за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација, на Законот за вино кои треба да се донесат по скратена на постапка, на Законот за данокот на додадена вредност, дополнувањата на Законот за идентификација и регистрација на животните, додека измените на Законот за радиодифузна дејност по барање на Владата беа повлечени. Претходно, во рамки на 77. седница не доби поддршка Предлог законот за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Република Македонија пред влегувањето во сила на привремената спогодба потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, поднесен од пратеникот Ивон Величковски.