Во Египет уапсени новинари на Ал Џазира

Египетската тајна полиција уапсила двајца новинари на катарската телевизија Ал Џазира, осомничени за незаконско ширење информации штетни по националната безбедност, соопштено е во Каиро. Телевизијата го потврди апсењето, наведувајќи дека притоа биле приведни уште двајца нејзини вработени. Според Ал Џазира, биле уапсени новинарите Мухамед Абдел Фахми и Питер Грест од Австралија, како и продуцентот Бахер Мухамед и камерманот Мухамед Фавзи.