Најмалку 70 новинари биле убиени во светот во 2013 година

Комитетот за заштита на новинари, лого.

Најмалку 70 новинари биле убиени во светот во 2013 година, соопшти Комитетот за заштита на новинари. Најголем број убиени новинари годинава има во Сирија, каде што загинале 29 известувачи, а во Ирак биле убиени 10 новинари. Ова е трета најлоша година според бројот на жртви од 1992 година кога Комитетот почна да води евиденција за жртвите. Според нив, шест новинари годинава биле убиени во Египет, а петмина во Пакистан. Заменик директорот на Комитетот за заштита на новинарите, Роберт Махони, изјави дека Блискиот Исток станал поле за убиство на новинари.

„Граѓанската војна во Сирија и обновата на верските насилства во Иран земаа мачен данок“, вели тој и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз владите и вооружените групи да го почитуваат цивилниот статус на новинарите и да ги гонат нивните убијци.