Романските власти откриле 29 имигранти од Блискиот Исток

Романската крајбрежна стража открила брод со 29 илегални имигранти од Блискиот Исток. Генералниот инспекторат на романската гранична полиција соопшти дека меѓу нив имало осум деца. Имигрантите се изјасниле како Авганистанци и изјавиле дека планирале да стигнат до некоја од државите во Шенген зоната.